Македонија
Владата ќе одлучува дали ќе ја замрзне цената на лебот
28.02.2023 11:35
Министерството за економија предлага и укинување на субвенционираната струја за прехранбените фирми, затоа што не ги намалиле цените...

Владата на редовната седница треба да донесе одлука дали ќе ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама, на максимум 33 денари.
Министерството за економија предлага и укинување на субвенционираната струја за прехранбените фирми, затоа што не ги намалиле цените.
Групацијата на пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија реагираше дека ако владата донесе одлука за замрзнување на цените, тие веќе нема да произведуваат леб, затоа што како што велат, ќе работат со загуба.
