Финансии
Синдикатот на вработените во МФ се заканува со штрајк
28.02.2023 11:37
Од Синдикатот на вработените во Министерството за финансии најавуваат масовни штрајкови доколку ветувањата за зголемување на нивните плати не се исполни....

Синдикатот на вработените во Министерството за финансии бара зголемување на платите на сите вработени. Во спротивно, се заканија со масовни штрајкови. Со Законот за буџети, донесен во Собранието со политички консензус се предвидува зголемување на платите за 30 проценти, велат од Синдикатот.
Пред Законодавно-правната комисија и барањето за автентично толкување на член 66 од Законот за буџети, од пратеникот Бедри Фазли. Според мислењето на Владата, поради специфичните услови за работа, зголемување од 30 насто добиваат само вработените во Секторот за буџети.
