ВАШИНГТОН

Белата куќа забрани Тик-ток на уредите на сојузните агенции

28.02.2023 12:36

„Апликацијата мора да се отстрани во рок од 30 дена“, објави Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа...

Белата куќа забрани Тик-ток на уредите на сојузните агенции. „Апликацијата мора да се отстрани во рок од 30 дена“, објави Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа. Конгресот ја смета за закана за националната безбедност бидејќи нејзин сопственик е кинеската компанија „Бајт денс“.

Ваква одлука донесоа и Европската Унија, Канада и Индија. Со над една милијарда активни корисници, Тик-ток е на шесто место на листата на најкористени социјални платформи.