На 10-ти мај оро за Гинис од Охрид до Струга
18 илјади луѓе ќе го одиграат најдолгото оро на светот со кое претендираат за влез во гинисовата книга. Орото на 10-ти мај ќе се игра од Струга до Охрид и одвен желбата за гинис, ќе значи одбележување на неколку значајни годишнини од нашата историја.

На 10-ти мај ќе се одигра најголемото оро во светот и се очекува да се постави нов Гинисов рекорд. Орото ќе се игра на потегот од Мостот на Поезијата во Струга до хотел Инекс Горица во Охрид. Од организацијата викаат дека ова оро кое ќе биде вистинска атракција а ќе се одбележат и многу празници вооедно.
„Мислам дека дали ќе влеземе во Гинис или не, е помалку битно, а битно е да се види целиот оној колорит кој го имаме и со тоа да ги одбележиме сите оние празници кои ги имаме а тоа се 65 години од постоењето на Танец, најава на новата туристичка сезона и тоа 1.000 години од постоењето на Самоиловото царство како и Меѓународниот ден на танцот и сето тоа ќе се обидеме да го споиме во едно такво оро сите фатени за раце, да се сплотиме и да го одиграме она што нам ни е во душата, нашата традиција. Седум-осминскиот такт сите ќе го препознаат и нека не се плашат тие што не знаат да играат, ќе се вклопат лесно“, рече Насер Хот, советник во Агенција за развој на туризмот.
Очекувањата се големи, а во ова оро можат се вклучат сите кои имаат желба за тоа.
„Освен стружани и охриѓани сите се добредојдени затоа што нема возраст, нема нација, нема никакви критериуми освен добра желба да се учествува во ова оро и да му покажеме на светот за она што ни лежи во душите“, рече Насер Хот, советник во Агенција за развој на туризмот.
Самото растојание од едната до другата дестинацијае некаде околу 18.000 метри. По некоја проценка дека на еден човек би му требало еден метар значи дека ќе биде исполнат целиот тој низ со 18.000 луѓе. Орото ќе биде атракција и за самите туристи кои најверојтно ќе се вклучат и тие во ова интересно и најголемо оро.
Јованчо Наумоски
