Алергиите и грипот ја полнат детската болница „Козле“
Иако сезонските алергии не земале замав, сепак, лекарите велат дека почнале да им создаваат проблем на чувствителните деца. Грипот ја комплицира здравствената состојба. Според доктор Ѓиновска – Тасевска, респираторниот вирус што се ширеше помеѓу малите децата ги направи кревки...

Кашлање кое не запира и гушење, сè почеста причина за посета на детската болница „Козле“. Иако сезонските алергии не земале замав, сепак, лекарите велат дека почнале да им создаваат проблем на чувствителните деца. Грипот ја комплицира здравствената состојба. Стотина деца се прегледуваат за 24 часа.
Лекарите потсетуваат дека и Ковидот не е запрен. Во „Козле“ постојано има 4-5 деца кои имаат потреба од хоспитализација, понекогаш и кислородна поддршка. Најчесто тоа се деца до три години, повеќето бебиња. Според доктор Ѓиновска – Тасевска, респираторниот вирус што се ширеше помеѓу малите децата ги направи кревки. Рендген снимките од белите дробови коишто ги гледале покажувале сериозна здравствена состојба.
Во болницата има десетина слободни кревети. Капацитетот е пополнет со деца на кои им е треба 24 часовен лекарски надзор.
Наташа Јанчиќ Менковски
