Политиката е главен генератор на дискриминација
Политиката е главен генератор на дискриминација, покажала анкетата на Центарот за управување со промени. Висок процент од претставките што стигнале кај Народниот правобранител биле поради дискриминација при вработување, вели омбудсманот Зибери…

Политиката стана главна генератор на дискриминација на нашите граѓани, надминувајќи ја онаа по етничка или верска припадност, велат од Центарот за управување со промени. Анкетата која ја спровеле покажала дека политичките партии се јавуваат како главни обезбедувачи на работните места и на вработувањата, па администрацијата станува политички плен.
На дискриминација при вработување се однесуваат висок процент од претставките кои пристигнале и кај народниот правобранител. Омбудсманот Зибери ги повика Владата и Собранието да преземат конкретни мерки.
Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска вети нови измени и законски решенија за подобрување на состојбите. Претседателот Пендаровски порача – оваа закана за човековите права и слободи мора системски да се спречува.
А дискриминацијата поради етничка припадност сè уште е водечка според податоците на Комисијата против дискриминација. Оттаму сметаат дека и случаите со бугарските клубови, каде беше констатиран овој вид дискриминација веќе треба да се затворат.
Комисијата констатирала дека во 2022-та година имало голем број претставки кои се однесувале за вознемирувачки говор, најчесто на социјални мрежи.
Фиљана Кока
