Превенирање учества во воени операции
Земјава е вклучена во меѓународната соработка за ресоцијализација и реинтеграција на повратниците од војната во Сирија и Ирак. Целта е да се превенира нивно учество во воени операции во иднина, велат познавачите. Досега 150 заминале во војната во Сирија и Ирак, 70 се вратени…

150 наши државјани заминале во војната во Ирак и Сирија од економски и идеолошки причини, 70 се вратиле во земјава. Во Македонија се прават напори за нивна ресоцијализација и реинтеграција, како за нив, така и за нивните семејства. Дводневен форум за спречување на насилен екстремизам. Според извештајот на Стејт департментот, заканата од терористички напади во Македонија е просечно висока или средна во време кога членови на Исламска држава и симпатизери се присутни во земјата.
Формирани се тимови на локално ниво во местата каде живеат повратниците кои преку механизми ќе се реинтегрираат. Војната во Украина отвора нови можности за појава на нови екстремизми, алармираат надлежните.
Засега, според Апостоловски, институциите немаат официјално регистрирани македонски државјани во руско- украинската војна.
Александра Велинова
