Туризмот недоволно ги користи бенефитите од заштитена интелектуална сопственост и производите со географска ознака
Охридскиот бисер, охридската цреша и преспанското јаболко се регистрирани како трговска марка со географска ознака, финишира постапката за костеновиот мед од Беласица и јагнешкото месо од Овче Поле. Брендирањето на производите но и заштитата на интелектуалната сопственост може да придонесе за развој на туризмот, сметаат од Македонската развојна фондација за претпријатија...

Заштитената интелектуална сопственост и производите со географско потекло можат да бидат импулс за развој на туризмот. Можностите за ваков вид заштита се бројни, за сега ретко се практикуваат, но бенефитите за туризмот се големи.
Културното наследство не може да биде интелектуална сопственост бидејќи припаѓа на сите, но културните настани поврзани со него може да се заштитат. Државата нуди финансиска и техничка помош, а во постапката за заштита на производите вклучени се Министерството за земјоделство и Државниот завод за индустриска сопственост.
Македонската развојна фондација за претпријатија пред студентите на УГД ги презентираше можностите во развој на туризмот кои се отвораат со заштитените права на интелектуална сопственост и производите со географска ознака.
Славица Величковска
