Мерки

Владата ја замрзна цената на лебот и ја укина субвенционираната цена на струја за компаниите

28.02.2023 14:49

Владата ја замрзна цената на лебот, белиот и полубелиот ќе чинат до 33 денари. Се укинува и субвенционираната струја за производителите на основни прехранбени продукти. Владините мерки за поддршка не се донесоа поединци да се богатат на грбот на граѓаните, истакна премиерот Ковачевски…

Се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Ова се двете нови владини мерки за кои премиерот Ковачевски рече дека се донесени за да не се дозволи едни да плаќаат, а други да се богатат. Помина долго време за усогласување, а дел од прехранбените компании не ги намалија соодветно цените, вели Ковачевски.

Ограничувањето на цената од 33 денари ќе важи еден месец, соопшти министерот за економија Бектеши. Додаде дека цената на лебот треба да биде 32 денари и дека во одредени градови, таа е пониска.

Од владата ги повикаа пекарите да разговараат со цел наоѓање на соодветно одржливо решение. Тие вчера се заканија дека ќе престанат да произведуваат леб и да го носат на пазарот ден откако ќе биде објавена одлуката за замрзнување на цената на лебот.

Марија Котовска