Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави за поставена експлозивна направа од 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.
