Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето кај Партизан
Ракометарите на Вардар 1961 загубија на гостувањето кај Партизан со 28-22, во рамките на четвртата рунда на групната фаза во СЕХА лигата...

Ракометарите на Вардар 1961 загубија на гостувањето кај Партизан со 28-22, во рамките на четвртата рунда на групната фаза во СЕХА лигата. На пресметката во Белград македонските ракометари покажаа бледа игра, многу се грешеше во нападите и тоа резултира со убедлив пораз кој може да влијае за крајниот пласман.
Вардарци прво се бранеа и успеаја во тоа, па во првиот напад тргнаа со Талески, Карапалевски и Моралес на бекови, Манасков и Георгиевски на крила и Аларов на пивотменското место. Средбата тргна со два гола на Куни Моралес, меѓутоа следеше голем пад во играта и промашувања на Талески, Аларов и Карапалевски, додека Партизан го казни тоа со шест гола и поведе со 6-2. Играчите на Вардар се обидоа да се консолидираат, меѓутоа првиот квартал од мечот им припадна на домаќините.
Со 20 голмански интервенции блесна Трнавац и го водеше Партизан до славје, додека Томовски заврши со девет. Најдобар стрелец на мечот беше Филип Талески со девет реализации, додека на спротивната страна еден помалку даде Никола Зечевиќ.
