Тенис

Ѓоковиќ во третиот сет успеа да го победи Махач

28.02.2023 20:51

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, дури по тајбрејк во третиот сет успеа да го победи анонимниот Томас Махач и да се пласира во второто коло на АТП...

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, дури по тајбрејк во третиот сет успеа да го победи анонимниот Томас Махач и да се пласира во второто коло на АТП 500 турнирот во Дубаи.

Првиот носител го доби првиот сет со 6-3, потоа 130-тиот на АТП-листата врати со идентични 6-3, а во третиот сет двајцата направија брејк на противнички сервис, па дури во тај-брејкот се решаваше кој ќе триумфира.

Лани Ѓоковиќ на овој турнир испадна во четвртфиналето, па сега ако стигне подалеку, ќе го зголеми бодовното конто на АТП-листата.