Албанија

Земјотрес во Албанија со јачина од 4,1 степен

28.02.2023 20:59

Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри од Елбасан на длабочина од два километри...

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри од Елбасан на длабочина од два километри. Засега нема информации за евентуални жртви или за материјална штета.