Јогуртот е намирница вредна за восхит
За појадок, меѓуоброк или десерт, збогатен со свежо или суво овошје или пак засладен со овошен сируп или мед, освен што е лесен и здрав дел од исхраната, тој овоможува многу бенефити за нашиот организам...

За појадок, меѓуоброк или десерт, збогатен со свежо или суво овошје или пак засладен со овошен сируп или мед, јогуртот е намирница вредна за восхит. Освен што е лесен и здрав дел од исхраната, тој овоможува многу бенефити за нашиот организам.
Јогуртот содржи малку калории. Со внесувањето на јогуртот во организмот внесуваме калциум кој придонесува за намалено лачење кортизол, што понатаму го поттикнува слабеењето и помага во согорување на масните наслаги.
Корисните бактерии од јогуртот кои настануваат со ферментацијата, го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми.
Јогуртот е одличен извор на минерали, витамини и протеини. Само една порција јогурт го збогатува телото со магнезиум, калциум и калиум, но и фосфор, рибофлавин, јод, цинк, но и витамините Б5 и Б12.
Калциумот калиумот од јогуртот придонесуваат за исфрлање на вишокот сол од организмот и го намалуваат крвниот притисок.
