Македонија

Нови дојави за бомби во 31 училиште во Скопје

01.03.2023 09:03

По дојавите, објектите се евакуирани, а учениците испратени дома за онлајн да ја продолжат наставата...

Само што стигнаа учениците во училиштата утрово, 20 минути по 8 часот нови дојави за поставени експлозивни направи стигнале на мејловите на 31 училиште во Скопје.

Веднаш по добиените пријави, од полициските службеници се преземени мерки. Безбедно се евакуирани учениците и наставниот кадар.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.