На „Тримир“ кај мајките
Прилепското здружение „Преродба“ речиси 20 години ги одржува и реконструира традиционалните обичаи од прилепско. Почнаа велигденските пости, а еден од првите празници по „Прочка“ е „Тримир“. Новите времиња имаат големо влијание во зачувувањето на традиционалните вредности...

Посна трпеза со варена пченица, адети и продолжување на традицијата. Во Прилеп се одржува празникот „Тримир“, веднаш по „Прочка“. Се нарекува женски зашто младите невести, девојки, блиски роднини се на гости кај мајките. Да слушнат совети за животот, бракот и почитувањето на постарите.
Колку се одржуваат традиционалните вредности? Новите времиња имаат големо внимание.
„Прилепските мечкари“, чувари на карневалската традиција и здружението „Преродба“ кое ги реконструира обичаите, речиси две децении соработуваат со иста цел.
Одржувањето на традиционалните обичаи се поврзува со опстојувањето на еден народ.
Елизабета Митреска
