Костадиновска-Стојчевска и црногорската министерка Влаовиќ потпишуваат програма и ја отвораат изложбата на Лубарда во Скопје
Во рамките на посетата е планирано министерките да потпишат и нова Програма за соработка во областа на културата за периодот 2023 – 2026 година...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Маша Влаовиќ, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Во рамките на посетата е планирано министерките да потпишат и нова Програма за соработка во областа на културата за периодот 2023 – 2026 година.
Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ, вечер во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе ја отворат изложбата на дела од уметникот Петар Лубарда, еден од најистакнатите сликари на територијата на поранешна Југославија од втората половина на 20 век.
