Вирусот МЕРС брзо се шири
06.05.2014 11:17
Досега стотина починале како последица на оваа болест...

Расте бројот на заразени од респираторниот вирус МЕРС во Саудиска Арабија.
Според последните информации од министерството за здравство на Саудиска Арабија досега се заразени 414 лица, но се стравува дека нивниот број може да биде многу поголем за време на празникот Рамазан кога фреквенцијата на луѓе во земјата е поголема.
Досега стотина починале како последица на оваа болест.
