УКРАИНА

Продолжуват нападите околу Бахмут

01.03.2023 09:57

Во овој град нападите траат веќе неколку месеци...

Се засилува интензитетот на битките околу Бахмут. Претседателот на Украина, Зеленски, во своето редовно обраќање рече дека Русија воопшто не ги брои своите луѓе, туку постојано ги праќа да ги напаѓаат украинските позиции.

Во овој град нападите траат веќе неколку месеци. Русија се обидува да ги прекине линиите за снабдување на бранителите на градот, со цел да ги принуди да се предадат или да се повлечат.

Повеќе од една година по почетокот на руската инвазија на Украина, министрите за надворешни работи на Групата 20 денеска пристигнуваат во Њу Делхи, каде утре почнува состанокот на кој главна тема ќе биде Украина.