САД

Поддршка од САД за средбата меѓу Косово и Србија

01.03.2023 09:57

Според американските власти, средбата била добар чекор напред, но останува тешка работа...

Стејт департментот ја поздрави средбата меѓу лидерите на Косово и Србија и изрази поддршка за нормализирање на односите меѓу двете земји. Според американските власти, средбата била добар чекор напред, но останува тешка работа.

Од Вашингтон велат дека договорот за анексот за имплементација е клучен за нормализација според предлогот на ЕУ. Претходно, српскиот претседател Вучиќ рече дека може да се разговара за се, освен за признавање и членство на Косово во Обединетите нации.