Лариса

Голема железничка несреќа во Грција, има настрадани

01.03.2023 10:03

Фатална железничка несреќа во Грција. Во судир на два воза загинаа 36 луѓе, а десетици се повредени. Спасувачите трагаат по останатите патници кои останаа заробени под остатоците на вагоните. Патничкиот воз превезувал околу 350 патници во време на несреќата кога налетал на товарниот. По сударот избил пожар. Останува да се разјасни нејасно како возовите се движеле по иста пруга...

Најмалку 32 лица загинаа. Патнички и товарен воз се судрија околу полноќ, во Темпи, централна Грција, во близина на Лариса. Има над 80 повредени. Најмалку 25 имаат сериозни повреди.

Повеќе вагони излетаа од шините, а најмалку три се запалија по судирот кој се случил кога патничкиот воз излегувал од подвозникот на автопатот.

„Првата слика беше страшна бидејќи имаше многу големи парчиња челик. Возовите се целосно уништени, и патничките и товарните. Патничкиот воз се движеше со околу 160 километри на час и имаше очигледен директен судар“, рече сведок на несреќата.

Патниците кои ја преживеаја тешката несреќа сведочат дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат.

„Слушнавме силен тресок, тоа беа ужасни 10-ина секунди. Вагоните почнаа да се превртуваат“, рече сведок.

„Се симнавме од вагоните и тогаш се запалија“, додаде друг сведок.

Во моментот на судирот во возот имало најмалку 350 луѓе. Причината за најсмртоносната железничка несреќа во Грција во последните децении е непозната.

„Луѓето природно беа исплашени. Многу исплашен, всушност. Гледаа наоколу, бараа. Не знаеја каде се“, вели сведок.

Спасувачките екипи користат тешка механизација за да преместат големите делови од возовите.

Според официјални лица многу од патниците во возот биле студенти кои се враќале дома откако го прославувале карневалот во текот на викендот.

Двајца железнички службеници биле на распит во полицијата, но не се приведени.

 

 

Марина Ристова