Култура

Во виенски „Музикферајн“ започнаа пробите за светската премиера на оркестарската верзија на „Македонисимо“

01.03.2023 10:19

Во аранжман на Панде Шахов, бисерите на македонската традиционална музика на Големата сцена на „Музикферајн“ на 2-ри март од 20 часот ќе ги изведе добро познатиот квинтет во чиј состав покрај Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев...

Во стаклената сала на најпрестижната концертна сцена во глобални рамки, виенски „Музикферајн“ започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите.

Во аранжман на Панде Шахов, бисерите на македонската традиционална музика на Големата сцена на „Музикферајн“ на 2-ри март од 20 часот ќе ги изведе добро познатиот квинтет во чиј состав покрај Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар под диригентската палка на маестро Јутака Садо од Јапонија.

*Фото: КултурОп