СДСМ: Антикорупциска и Обвинителство да го испитаат случајот со имотот на Мицкоски
Медиумите исто така објавија дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен имот на повеќе локации, во Скопје, Охрид и Црна Гора. Јавноста очекува одговор како се стекнуваат милионски имоти со просечна плата на универзитетски професор, или зад трупањето имот се крие нешто друго, велат од партијата.

Надлежните институции, Антикорупциската комисија, Обвинителство, по допрен глас, да ги истражат наводите за имотот на Христијан Мицкоски и да ја информирата јавноста. Повеќе медиуми деновиве изнесоа информации дека семејството на Мицкоски има куќа во Козле, која според нивни проценки, е вредна над 1 милион евра- соопштуваат од СДСМ.
Медиумите исто така објавија дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен имот на повеќе локации, во Скопје, Охрид и Црна Гора. Јавноста очекува одговор како се стекнуваат милионски имоти со просечна плата на универзитетски професор, или зад трупањето имот се крие нешто друго, велат од партијата.
Добро е позната кавгата на Мицкоски со Данела Арсовска, која го обвини за рацете во медот. Во тек е истрага за случајот Делчевски ниви, во којшто постои основано сомневање за вмешаност на лица од ВМРО-ДПМНЕ и случајот води директно до Белиот дворец. Христијан Мицкоски да одговори пред јавноста за овие информации, за куќа на блиско семејство и за информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите- стои во соопштението од СДСМ.
