МНР

Нема настрадани македонски државјани во железничката несреќа во Грција

01.03.2023 10:47

Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случи во Грција, МНР соопшти дека досега не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените има македонски државјани...

Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случи во Грција, македонското МНР соопшти дека досега не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените има македонски државјани.

Македонската амбасадата во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде се чека на официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.

„Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција“, велат од МНР.

Контактите се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.