Сиси: Доколку победам на изборите Муслиманското братство нема да постои

06.05.2014 11:18

Доколку победам на претседателските избори Муслиманското братство веќе нема да постои, изјави генералот Абдул Фатах ал Сиси.

Сиси неодамна ја напушти функција генерал за да се кандидира за претседател на претстојните избори  во Египет, кои треба да се одржат на 26-ти и 27-ми мај, десет месеци по смената на исламистичкиот претседател, Мохамед Морси.

Сиси важи за еден од кандидатите со најголема шанса за победа, поради популарноста која ја стекна како олободител на египетскиот народ.