Пекинг
Кина: Одбиваме политички манипулации, САД да ја почитуваат науката
01.03.2023 11:43
Портпаролката на кинеското МНР побара САД да ја почитуваат науката и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот...

Кина ги отфрла политичките манипулации за потеклото на Ковид-19. Портпаролката на кинеското МНР побара САД да ја почитуваат науката и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот.
Пекинг реагираше по синоќешните тврдења на шефот на ФБИ, Кристофер Фреј, која кажа дека „ФБИ дошло до заклучок оти пандемијата најверојатно настанала како резултат на инцидент во кинеска лабораторија во Вухан“.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, пред два дена кажа дека американската Влада нема конечен заклучок за потеклото на Ковид-19.
