Расте бројот на загинати во железничката несреќа во Грција
Патнички и товарен воз се судрија околу полноќ, во Темпи, централна Грција, во близина на Лариса. Премиерот Мицотакис прогласи тридневна жалост во земјата...

Расте бројот на загинати во железничката несреќа во Грција. Патнички и товарен воз се судрија околу полноќ, во Темпи, централна Грција, во близина на Лариса. Премиерот Мицотакис прогласи тридневна жалост во земјата. Повеќе вагони излетаа од шините, а најмалку три се запалија по судирот кој се случил кога патничкиот воз излегувал од подвозникот на автопатот.
„Првата слика беше страшна бидејќи имаше многу големи парчиња челик. Возовите се целосно уништени, и патничките и товарните. Патничкиот воз се движеше со околу 160 километри на час и имаше очигледен директен судар“, изјави сведок на несреќата.
Патниците кои ja преживеаја тешката несреќа сведочат дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат.
„Слушнавме силен тресок, тоа беа ужасни 10-тина секунди. Вагоните почнаа да се превртуваат“, додаде друг сведок.
„Се симнавме од вагоните и тогаш се запалија“, рече сведок.
Во моментот на судирот во возот имало најмалку 350 луѓе. Причината за најсмртоносната железничка несреќа во Грција во последните децении е непозната.
„Луѓето природно беа исплашени. Многу исплашен, всушност. Гледаа наоколу, бараа. Не знаеја каде се“, рече друг сведок.
Спасувачките екипи користат тешка механизација за да преместат големите делови од возовите.
Според официјални лица многу од патниците во возот биле студенти кои се враќале дома откако го прославувале карневалот во текот на викендот.
Двајца железнички службеници биле на распит во полицијата, но не се приведени.
Марина Ристова
