Приватен превоз
Град Скопје ќе им го исплати долгот на приватните превозници
01.03.2023 12:21
Град Скопје на приватните превозници ќе им го исплати долгот од милион и пол евра...

Град Скопје на приватните превозници ќе им го исплати долгот од милион и пол евра. За ова се договориле градоначалничката Данела Арсовска и приватните превозниците кои до неодамна беа дел од јавниот превоз во Скопје.
Постигнат е и договор градот да отвори нов јавен повик за сите превозници. До неодамна градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека град Скопје не е во право.
