Функцијата воведена за Груби и апанажата за предвреме разрешени функционери на Уставен суд
На иницијатива на Левица, Уставниот суд ќе одлучува дали ќе отвори предмет преку кој ќе разгледува дали функцијата прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите е во согласност со Уставот.

Функцијата на Артан Груби, прв вицепремиер и апанажа за функционерите кои предвреме се разрешени, се меѓу точките за кои Уставниот суд треба да одлучува дали се во согласност со Уставот и дали ќе отвори предмети.
На иницијатива на Левица, Уставниот суд ќе одлучува дали ќе отвори предмет преку кој ќе разгледува дали функцијата прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите е во согласност со Уставот.
Според Левица, функција на Груби е противуставна и затоа со иницијативата спори делови од деловникот за изменување и дополнување на деловникот за работа на владата.
