Тетово

Во Тетово сѐ почесто се вози без положен возачки испит

01.03.2023 13:06

Низ тетовските улици се повеќе се вози без положен возачки испит. Казните на полицијата не ги плаши дивите возачи да седнат зад волан, особено малолетниците. Хаосот во сообраќајот уште поголем, а ризикот од сообраќајни несреќи се поголем...

Низ тетовските улици илјадници возила се управуваат без положен возачки испит. Претежно возат малолетници, а без возачки, луѓето седнуваат зад волан, управувајќи дури и комбиња и камиони.

Секој месец се казнуваат по стотици граѓани, но тоа не ги плаши дивите возачи.

Проблемот со дивите возачи го зголемува сообраќајниот хаос низ тетовските улици, а ризикот од сообраќајни несреќи се поголем. Граѓаните сметаат дека за прекршителите треба има поголеми санкции

На возачите кои ќе се затекнат како управуваат возило без положен возачки испит, но и на сопствениците на возилата им се изрекуваат казни од 250 евра.

 

 

 

Зоран Димовски