Шаќири: Со поддршка од ЕУ продолжуваме да ја развиваме и промовираме Националната рамка на квалификации
Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на состанокот на Управниот комитет на твининг проектот за поддршка на имплементацијата на Националната рамка за квалификации, кој од октомври 2021 година го спроведува искусен тим на професионалци од Литванија, Франција и Словенија...

Република Северна Македонија решително чекори кон полноправно членство во Европската Унија. Оттука и исклучителната важност на твининг проектите со кои градиме институционални капацитети и го усогласуваме нашето законодавство со европското. Посебно сакам да нагласам дека многу ни значи поддршката за зајакнување и операционализација на Националната рамка за квалификации, затоа што наша цел е квалификациите што се стекнуваат во текот на образованието во нашата држава да бидат во склад со стандардите и практиките на ЕУ.
Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на состанокот на Управниот комитет на твининг проектот за поддршка на имплементацијата на Националната рамка за квалификации, кој од октомври 2021 година го спроведува искусен тим на професионалци од Литванија, Франција и Словенија.
Сепак, потенцираше тој, сите релевантни чинители поврзани со Националнатата рамка на квалификации забележуваат дека иако овој инструмент е исклучително важен, истиот не е доволно видлив.
