Судство

Судењето за „Беса Транс“ одложено за 31 март

01.03.2023 13:47

Поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ како и претставник на Царинска Управа во Основниот кривичен суд Скопје, денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“...

Поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ како и претставник на Царинска Управа во Основниот кривичен суд Скопје, денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“.

Како што информираше Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, претставникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, не се појави на денешното рочиште поради патување заради смртен случај од блиско семејство надвор од Република Северна Македонија.

Судењето е одложено за 31-ви март.