Западен Балкан може да смета на европската поддршка
Регионалните лидери од политичката и економска елита се собраа во Скопје на Вториот економски самит да понудат конкретни одговори на клучните проблеми со енергетиката, безбедноста и економијата. Економијата е стабилна во време на најголема криза, инвестирајте – повика премиерот Ковачевски. Од ЕУ став: фокусот да се помести на реформите, работиме напорно на евроинтеграциите на Западен Балкан…

Да се фокусираме на иднината за да ги подобриме нашите економии, за подобар стандард и поквалитетен живот, порача премиерот Ковачевски од Економскиот форум Делфи во Скопје. Ги повика компаниите да инвестираат, бидејќи како членка на НАТО, сме препознаени како фактор на стабилност. Според македонскиот премиер клучни за трговската размена се „зелените коридори“, за што треба да се работи заеднички.
Во видеообраќање еврокомесарот Вархеји истакна дека Западниот Балкан може да смета на европската поддршка.
Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека Балканот е засегнат од хибридни војни кои имаат цел да го дестабилизираат регионот
На маргините на форумот – билатерални средби. Премиерот Ковачевски му порача на колегата Курти дека земјава ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово и го поздрави постигнатиот договор за прифаќање на европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Анита Димитријевска Велковска
