Евровизија: Вечерва почнува натпреварот за најдобра песна во Европа

06.05.2014 11:42

Во четврток Тијана ќе ја видиме со песната „To the sky“, во втората евровизиска полуфинална вечер...

Евровизија оваа година се одржува во данската пресотлнина. Вечерва и официјално почнува најголемото музичко натпреварување во светот.

Вчера по 70 метарскиот црвен тепих зачекорија учесниците. Тијана и македонскиот тим во црно- бела комбинација на проба на евровизиската сцена во Копенхаген, беа едни од најфотографираните учесници на отворањето.

Во четврток Тијана ќе ја видиме со песната „To the sky“, во втората евровизиска полуфинална вечер. Ќе пее на англиски јазик.

Преносот од најголемиот музички натпревар на светот ќе започне во 21 часот на првиот програмски сервис.