Истражување

80 насто од Македонците се против промена на Уставот

01.03.2023 14:49

80 насто од Македонците се против промена на Уставот преку вметнување на бугарското малцинство, кај Албанците тој процент е 32 насто. Се забележува пад на очекувањата за членство во ЕУ, што е тренд во изминативе три години...

На патот кон Европската унија 80 насто од Македонците се против промена на Уставот преку вметнување на бугарското малцинство, кај Албанците тој процент е 32 насто, додека кај другите национални малцинства во земјата негативен став за промени во највисокиот правен акт на земјава имаат 60 насто од испитаниците. Ова го покажало истражувањето на Институтот за демократија. Според Трошански од Институтот, се забележува пад на очекувањата за членство во ЕУ, што е тренд во изминативе три години.

Директорот на германската фондација, Браун, смета дека евроскептицизмот кај македонските граѓани има повеќеслоен карактер. Политичарите треба да се едногласни за постигнување компромис.

За најголеми сојузници се посочени Европската унија со 32 насто, САД со 17, Србија со 10 насто, за Русија и Германија се определиле по 9, додека 7 насто сметаат дека Турција е најдобриот пријател на земјава.

 

 

Игор Панов