Нема елементи на запоставување кај бебето болно од туберколоза
Кај бебето болно од туберкулоза не се коснтатирани елементи на запоставување – велат од Центарот за социјални работи. Било предвреме родено, сега е во тешка состојба. Било донесено на детската клиника, кадешто се бори за живот на интензивната нега…

Не се утврдени никакви елементи на запоставување на бебето кое поради туберкулоза е на детската клиника, констатирал Центарот за социјални работи. Ресорната министерка Треневска вели дека стручниот тим излегол веднаш на терен откако претходно бил направен увид во документацијата на семејството, дали се приматели на некакво право и дали се евидентирани во центарот.
Се покажало дека во кумановскиот центар тие не се регистрирани но дека мајката добива надоместок за трето дете кој го добива во Скопје бидејќи живее во Шуто Оризари. Откако поради отсуство во домот биле контактирани телефонски била спроведена контрола, додава министерката.
Врз основа на наодот од увидот доколку е потребна дополнителна помош - вели Треневска, службите ќе ја овозможат иако таткото е во редовен работен однос, а мајката е примател на надомест за трето дете. Бебето кое е заболено од туберкулоза било предвреме родено и во многу тешка состојба било донесено на детската клиника каде што се бори за живот на интензивната нега.
Фиљана Кока
