Двајца Македонци во трка за градоначалник во Грција

06.05.2014 11:46

Двајца Македонци ќе учествуваат на локалните избори во Грција. Никола Чочков ќе биде кандидат за прв човек на леринската област, кандидидран на листата на СИРИЗА, додека пак Васил Стојков се кандидира за кмет во селото Нерет како кандидат на Нова демократија.

Македонците од Грција интензивно се подготвуваат за локалните, но и за европските избори што ќе се одржат на 18 и на 25 мај. Свесни дека како декларирани Македонци не можат да сметаат на успех, целта им е преку учеството да се слушне во европската и грчката јавност за македонското прашање.

Од партијата на македонското малцинство во Грција, „Виножито“ нагласуваат дека е речиси невозможно деклариран Македонец да дојде до градоначалничка функција и дека затоа голем дел од кандидатите се на листи на поголемите партии, пренесува порталот Tелеграф. Таков беше случајот и на минатите избори, кога Панде Ашлаков како кандидат на ПАСОК стана кмет во селото Овчарани. За овие избори Ашлаков одлучил да не се кандидира.