Шпетим Дуро нов тренер на Струга ТЛ
Стручњакот веќе потпиша договор во клупските простории и веднаш ќе почне со работа во новата средина. Дуро се запозна со капацитетите на клубот, инфраструктурата, како и фудбалерите со кои ќе соработува...

Фудбалскиот клуб „Струга Трим Лум,“ го потврди наследникот на Срѓан Захариевски. Како што и се најавуваше, нов тренер на стружани ќе биде Шпетим Дуро.
Стручњакот веќе потпиша договор во клупските простории и веднаш ќе почне со работа во новата средина. Дуро се запозна со капацитетите на клубот, инфраструктурата, како и фудбалерите со кои ќе соработува. Низ кариерата тој работеше и во Шкендија, а беше и Партизани, Влазниа, Скендербеу.
Ова ќе му биде второ искуство во Македонија и тоа во екипата која сака да биде шампион во актуелнава кампања.
