Фудбал

Гостивар казнет, Христовски суспендиран

01.03.2023 20:05

ФК Гостивар се казнува со одземање на три бода и парична казна од 1.000 евра поради сторен дисциплински прекршок поврзан со регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја донесе одлуката околу случајот со Гостивар и Гордијан Христовски и настапот на играчот во првиот тим на второлигашот, иако тоа се коси со правилата.

ФК Гостивар се казнува со одземање на три бода и парична казна од 1.000 евра поради сторен дисциплински прекршок поврзан со регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски. На фудбалерот Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на настап во период од шест месеци поради сторен дисциплински прекршок – член 84, став 1, алинеја 6 од дисциплинскиот правилник.

Целиот проблем за Гостивар настана откако Гордијан Христовски, новото зимско засилување кое пристигна од ФК Скопје во овој преоден рок, настапи за екипата, иако според ФИФА правилата, еден играч може да има три клуба во една сезона.

Христовски покрај што настапи за Гостивар во сезоната 2022/23, играше и за Скопје, Силекс и Тетекс. Според официјалните документи, играчот од јули 2022 до јануари 2023 бил регистриран за Тетекс, Силекс, Скопје и Гостивар.

 

 

*Фото: ФФМ