Јада 86-то место во Планица, Дамјановски се откажа
Македонскиот скијач, Ставре Јада го освои 86-тото место од 94-нордијци кои ја завршија трката на 15 километри на Светското првенство во Планица...

Македонскиот скијач, Ставре Јада го освои 86-тото место од 94-нордијци кои ја завршија трката на 15 километри на Светското првенство во Планица.
На трката настапи и вториот Македонец, Дарко Дамјановски, но тој не ја заврши. Делницата од 15 километри, Јада ја помина за време од 39:53 минути и доцнеше седум и пол минути од победникот Симен Хегстад Кругер кој победи со време од 32:17,4.
Дамјановски се откажа по само 2.2 километри, а првата мерна станица ја помина за време од 4:18,9, за споредба Јада на таа дистанца имаше време од 5:25,5 минути.
На врвот зад Кругер кој стигна до златниот медал заврши Обер Амундсен освојувајќи сребрен медал и Кристер Холунд кој освои бронза.
