Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
02.03.2023 08:57
Минималната температура ќе се симне до 2, а дневната ќе се искачи до 14 степени...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се симне до 2, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 12 степени.
