Шаќири ќе се обрати на состанокот на Управниот комитет на SEEIIST
Во Клубот на пратеници, министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе се обрати на хибриден состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST)...

Во Клубот на пратеници, министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе се обрати на хибриден состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST).
Како што информираат од МОН, Скопје втор пат е домаќин на Управниот Комитет на SEEIIST, а овој пат ќе се дефинираат критериумите согласно кои земјите членки на комитетот (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Словенија и Косово) ќе можат да аплицираат за добивање на капитален проект – изградба на регионален центар за истражувања за туморска терапија и биомедицински истражувања засновани на акцелератори за јонски зраци.
