Продолжува собраниската седница за избор на заменици министри
Собранието денеска треба да ја продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред - предлог за именување на заменици министри во владата...

Пратениците денеска ја продолжуваат расправата за избор на замениците министри за одбрана Тирон Јајага, за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, за здравство Маја Манолева и за образование и наука Агим Нухиу.
Премиерот Димитар Ковачевски во својство на предлагач на земниците министри во неговото излагање на почетокот на вчерашната расправа нагласи дека со нивниот избор ќе се комплетира целосно новиот состав на владата.
Собранието вчера претходно во рамки на 104-та седница со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ ги разреши замениците министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Љуљзим Алиу.
Собраниската седница за реконструкција на владата започна пред три недели, а новите министри Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање, беа избрани пред полноќ во понеделникот.
