Дрецун: Косовските Срби може да формираат своја армија

06.05.2014 11:57

Според поранешниот претседател на Српската парламентарна комисија за Косово, законот за трансформирање на Косовските безбедносни сили во вооружени е дискриминирачки...

Косовските Срби може да формираат своја армија доколку Косовските албанци решат да формираат свои вооружени сили, изјави за РТС Милован Дрецун, поранешниот претседател на Српската парламентарна комисија за Косово.

„Дискриминирачки закон, што на Србите им ја наметнува волјата на албанската страна“, вели Дрецун би бил законот за трансформирање на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово, што денеска треба да го разгледува Парламентот во Приштина.