Македонија
Нови дојави за бомби во скопски училишта
02.03.2023 09:22
По добиените пријави, полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите…

И утрово нова упатена закана за подметнати експлозивни направи пристигнале на електронските адреси на повеќе училишта во Скопје. Од МВР информираат дека веднаш по добиените пријави во 20 минути по осум часот, биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите.
Се спроведуваат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Вчера дојави за бомби имаше во 120 училишта за кои е утврдено дека биле лажни, но со оглед на масовноста за проверки, на антитерористичките тимови им било потребно долго време.
