Индија

Војната во Украина и агендата на Кина за светска доминација, теми на самитот на Г-20

02.03.2023 09:46

Самит на Г-20 во Индија. Земјата-домаќин ги повика учесниците од дваесетте најразвиени држави да постигнат согласност околу прашањата кои ги засегаат посиромашните земји...

Војната во Украина и амбициозната агенда на Кина за светска доминација, меѓу главните теми на самитот на Г-20 во Индија. Земјата-домаќин ги повика учесниците од дваесетте најразвиени држави да постигнат согласност околу прашањата кои ги засегаат посиромашните земји, дури и ако не биде надминат големиот јаз меѓу Истокот и Западот и зголемениот антагонизам на светската политичка сцена.

Мора да признаеме дека мултилатерализмот денес е во криза. Архитектурата на глобалното владеење по Втората светска војна имаше две функции. Прво, да спречи идни војни со балансирање на конкурентните интереси. Второ, да поддржи меѓународна соработка за прашањата од заеднички интерес. Искуството во последните две години – финансиската криза, климатските промени, пандемијата, тероризмот и војните јасно покажуваат дека глобалното владеење не успеа ни во една од двете цели“, изјави индискиот премиер, Нарендра Моди.

Досега Индија се воздржуваше од директни критики кон Русија, нејзиниот голем сојузник од ерата на Студената војна, истовремено зголемувајќи го увозот на руска нафта и покрај притисокот да заземе построг став кон Москва. Индија не гласаше ни за резолуциите на ОН со кои се осудува инвазијата во Украина.