Култура

Со наградуваниот филм Римини започнува мартовска кинотечна програма

02.03.2023 09:56

Римини го прикажува декадентниот и осамен живот на заборавена ѕвезда на крајот од својата кариера. Во филмот главната улога ја игра австрискиот актер Михаел Томас, добро познат на публиката...

Во март Кинотеката на РСМ својата програма ја започнува со филмот Римини на познатиот австриски режисер Урлих Зајдл.

Римини го прикажува декадентниот и осамен живот на заборавена ѕвезда на крајот од својата кариера. Во филмот главната улога ја игра австрискиот актер Михаел Томас, добро познат на публиката.

Зајдл е предводник на новиот австриски филм од почетокот на овој милениум, кој ги освои европските филмски фестивали.

Тој е врвен документаристички автор, потписник на најдобрите документаристички филмски остварувања, во кои подробно го обработува австриското и европското општество, а користи фикција и документаристика.

Елена Стојкоска

*Фото: Принтскрин/ Римини