Грција

Протести во Грција поради железничката несреќа во која загинаа 43 луѓе

02.03.2023 09:57

Демонстрантите се судрија со полицијата пред седиштето на Грчки железници во Атина, а протести се одржаа и во Солун и Лариса...

Протести во Грција поради железничката несреќа кај Лариса во која загинаа најмалку 43 луѓе. Демонстрантите се судрија со полицијата пред седиштето на Грчки железници во Атина, а протести се одржаа и во Солун и Лариса.

Синдикатот на вработените на 24-часовен штрајк, а протест најавија и работниците во атинското метро. Уапсен e шефот на железничката станица, кој изјави дека несреќата е резултат на техничка грешка. Обвинет е за убиство од небрежност.