Свет

САД одобри продажба на оружје за Тајван

02.03.2023 10:00

„Ова ќе придонесе за способноста на примателот да обезбеди одбрана на својот воздушен простор, регионална безбедност“, се наведува во соопштението на Пентагон...

САД одобрија потенцијална продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари.

„Ова ќе придонесе за способноста на примателот да обезбеди одбрана на својот воздушен простор, регионална безбедност“, се наведува во соопштението на Пентагон.

Според Тајван, во едно деноноќие биле регистрирани дваесетина упади на кинеското воздухопловство во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана.

Пекинг инсистира на прекин на ваквите договори, бидејќи ги смета за неоправдана поддршка за островската држава, која Кина ја смета за своја територија.