Јаболката, јагодите и грозјето-најзагадени со пестициди

06.05.2014 12:14

Најновата листа на американската непрофитна организација „Работна група за животна средина“ (EWG) покажува дека јаболката, јагодите, грозјето, целерот, праските, спанаќот, пиперките, краставиците, шери доматите, компирите, нектарините и грашокот, се најзагадените намирници со пестициди.

67 отсто од анализираните 48 производи, содржеле пестициди и по миењето. Сепак, според EWG, бенефитот од нив далеку го надминува ризикот од влијанието на пестицидите, затоа ова не значи дека треба да се исклучат од исхраната зашто.

Соња Ландер од EWG вели дека Со години не убедуваа дека во пестицидите нема ништо лошо се додека некои од нив не беа забранети.

Како што велат ексепртите, за отстранување на пестицидите е доволно намирниците да се измијат со ладна вода. Бесмислено е нивно целодневно потопување во сода бикарбона, раствор со киселина или лимонов сок. Тоа се паушални, лаички совети кои потрошувачите во последно време се почесто ги слушаат.

Истражувањата покажуваат дека пестицидите предизвикуваат проблеми кај децата, нарушувања на ендокриниот систем, ендометриоза,алцхајмерова и паркинсова болест. Голем дел се и канцерогени. 

Најновите истражувања на Европската агенција за безбедност на храната спроведени во 27 земји членки на ЕУ, од анализирани 77.000 примероци и 500 различни видови храна, покажуваат дека 1,6 отсто од вкупниот број се пронајдени повеќе од максимално дозволените концентрации пестицидни остатоци. „Најзагадени“ биле житарките, посебно овесот, и зелената салата.